fbpx

Бразилецот Робсон да Силва е првото засилување на струмичка Беласица

 Бразилецот Робсон да Силва е првото засилување на струмичка Беласица

Бразилскиот играч за врска Робсон да Силва е првото засилување на струмичка Беласица по влезот во ПМФЛ. Робсон изрази задоволство од трансферот и исткана дека е благодарен што ќе има шанса уште да игра фудбал во Македонија.

„Сакам да се заблагодарам на Беласица што ми овозможија повторно да играм и да го покажам мојот квалитет во Македонија. Се надевам дека со благослов од Господ ќе направиме успеси во новата сезона.“, изјави фудбалерот.

Задоволство од ангажманот изрази и тренерот Ване Милков.

„Ми претставува големо задоволство што играч со таков квалитет ќе биде дел од тимот за новата сезона. Робсон е доста талентиран фудбалер, со големи технички квалитети и сигурно ќе биде значајно засилување за нас“, изјави Милков.

Робсон да Силва во изминатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров за која одигра 62 натпревари и постигна вкупно десет гола.

Share via
Copy link