Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Брера се врати со бод од тешкото гостување во Гостивар

Екипата на Брера Струмица се врати со бод од Гостивар ремизирајќи со резултат 1:1. Струмичани со овој бод направија сериозен исчекор за остварување на целите за оваа сезона и по 28 одиграни кола остануваат на седмата позиција.
Со оглед на лошиот терен по дождот, двете страни нема сериозни шанси за гол. Во 58 минута Гостивар го откри резултатот кога Кехинде максимално ја искористи грешката на одбраната на Брера. Во финишот од мечот во 88 минута Димитар Трајков се најде на вистинската позиција пред голот на Гостивар и ги постави конечните 1:1.
Следното коло Брера го пречекува Вардар на домашен терен во меч кој ќе биде од исклучителна важност во борбата за опстанок.
