„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Брера Струмица и годинава дел од проектот „Животни шампиони“
Македонскиот прволигашки клуб Брера Струмица и понатаму ќе биде дел од проектот ,,Животни шампиони“ каде младите фудбалери, освен на фудбалски план, ќе се едуцираат и како да градат мостови на пријателство и почитување на различностите.
Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој за младите од Србија за кој поддршка даде и нашиот претседател Горан Пандев. Во овој проект кој има за цел да ги насочи млaдите на здрави животни навики, нивно градење како вистински личности кои во средината ќе бидат почитувани, се вклучени повеќе клубови од Балканот.
Од таа причина денеска гостите од Србија, Вељко Арамовиќ соработник во Центарот за развој на млади, Борис Јаковлевиќ, член на конзорциумот на проектот ,,Животни шампиони“, заедно со тренерот Љупче Пенев ги преставија резултатитте и очекувањата на овој проект кој силно одекна во УЕФА, но и во Европската унија бидејки младите фудбалери преку градење врски на пријателство и почит ги рушат граничните и јазичните бариери.
Инаку во рамките на овој проект ќе има и камп на кој и ова година ќе земат учество млади фудбалери, каде освен фудбалски тренинг ќе имаат и игри за забава, другарување, учење преку игра но и почитување на различностите, оти фудбалот спојува, фудбалот гради нови пријателства и креира нови успешни приказни но и животни шампиони.