fbpx

Британската Амбасада и здружението НОВУС со младите им изразија поддршка и благодарност на здравствените работници

 Британската Амбасада и здружението НОВУС со младите им изразија поддршка и благодарност на  здравствените работници

Денес во рамки на активноста „За нашите херои” која финансиски е поддржана од Амбасадата на Обединетото Кралство повеќе млади луѓе предвододени од младата уметничка и илустратор Јана Мицева изработија мурал во дворот на СОУ „Јане Сандански“ во знак на поддршка и благодарност на луѓето кои се на првите борбени линии против корона вирусот кој го тишти целиот свет.

На активноста активно учество зедоа и заменик амбасадорот на Обединетото Кралство г. Доминик Отвеј како и шефот на програми г. Ричард Галовеј.

Целта на ваквата активност беше да се оддаде почит на медицинските работници кои во ваквата ситуација каде земјата планета е зафатена од пандемија, тие се нашите вистински херои!

Share via
Copy link