Полициски билтен:фатенин крадци на тутун и земјоделска механизација, уапсен подметнувач на пожар во радовишко…

 Полициски билтен:фатенин крадци на тутун и земјоделска механизација, уапсен подметнувач на пожар во радовишко…

На 24.09.2026 во 14:00 часот во село Конче, Општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Б.У.(20) од истото село. Тој се сомничи дека во 2024 и 2025 година, заедно со Д.А.(20) од село Конче, извршиле  четири кражби на тутун од сушари сопственост на жители на селата Конче и Тополница. Во Полициската станица Радовиш бил повикан и Д.А., по што лицата во службен разговор ги признале делата.
Истиот ден во 18:30 часот во Полициската станица Радовиш е повикан и Е.А.(40) од село Сопурге, радовишко, кој се сомничи дека извршил кражба на приклучна земјоделска механизација, сопственост на Е.О.(44) од село Конче, пријавена на 18.08.2026 година. Исто така, во службен разговор и Е.А. признал дека ја извршил кражбата, а одземените предмети ги продал во откупен пункт за старо железо.
За настаните е известен јавен обвинител, а по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

На 24.09.2026 во 14:00 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода А.А.(68) од истото село. Тој се сомничи дека околу 12:30 часот на место викано „Голема река“ во атар на село Калаузлија подметнал пожар кој зафатил нискостеблеста шума и сува трева. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.  Во Полициската станица Радовиш А.А го признал делото. Известен е јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.09.2026 во 21:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода В.Т.(46) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнала нејзините родители. Таа е задржана во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.09.2026 во 23:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.В.(34) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 29-годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.09.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.К.(46) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал М.К. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Share via
Copy link