Четири кандидатури за градоначалник на Струмица и прифатени пет советнички листи
Општинската изборна комисија ги прифати кандидатурите за градоначалник на Струмица на Марјан Даскаловски од СДСМ, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Цасконоје од Единствена Македонија и Драган Котуровиќ, независен кандидат.
Од поднесените седум советнички листи ОИК Струмица ги прифати на СДСМ – носител Миле Гогов, ВМРО-ДПМНЕ – носител Никола Маџунков, ЗНАМ – носител Александар Илиев, СТИГА Е – носител Ѓорги Танушев, ЛЕВИЦА – носител Јасмина Пијанманова.
За советничките листи на Демократска партија на Турците – носител Синан Мустафа и од Движење за национално единство на Турците – носител Аби Демиров, Комисијата им даде рок да утре да ги исправата неправилностите за да може да учествуваат на локалните избори.