Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Црвен крст се вклучи во неделата на борба против срцевосадовите заболувања

Денес од 11 часот на пултот, што беше поставен пред Маркетот „Здравец“ во Струмица, екипа на Општинската организација на Црвен крст Струмица се вклучи во неделата на борба против срцевосадовите заболувања.

На граѓаните кои сакаа да го проверат своето здравје волонтерите на Црвен крст ќе им ја мереа сатурацијата во крвта со претходна дезинфекција и делеа флаери за болестите на срцевосадовите заболувања.
