fbpx

Одбојкарот Владо Милев е најдобар спортист на Струмица за 2020 година

 Одбојкарот Владо Милев е најдобар спортист на Струмица за 2020 година

На традиционалната манифестација Избор на спортист, која се одржа во организација на Советот на општина Струмица, а под покровителство на градоначалникот Коста Јаневски, одбојкарот Владо Милев, член на ОК Џио Струмица, е избран за најдобар спортист на Струмица за 2020 година во категорија на квалитетен екипен спорт. Второто место и припадна на фудбалерката Сара Велкова од ЖФК Тиверија, а третото Ѓорѓи Стоилов од ФК Академија Пандев.

Најуспешна спортска екипа во сениорска конкуренција е одбојкарскиот шампион Џио Струмица, втора е ЖФК Тиверија, а трета ФК Академија Пандев.

Најдобар тренер во сениорска конкуренција е Кирил Ричлив, тренер на Џио Струмица, второпласиран е Југослав Тренчовски (ФК Академија Пандев), а трет Димитар Пандев ((РК Астраион Хендбол).

Најуспешен тренер во младински категории е Александра Ристовска (ЖФК Тиверија Струмица), втор е Ѓорги Стојчев (ФК Академија Пандев), а третопласирана е Даниела Велинска (ОК Наковски Волеј).

Најдобар спортист во млади категории е Марко Алчевски (ФК Академија Пандев), втора Радица Велкова (ЖФК Тиверија) и третопласиран е Душан Ахтаров (Кошарски клуб Струмица).

Најдобра екипа во младински категории е ЖФК Тиверија (младинки), второто место им пропадна на пионерите на ФК Академија Пандев, а третото место на младинците на ОК Џио Струмица.

Најдобар спортист во млади категории индивидуален спорт е прогласен Борис Секулов (ППК Астраион Мегаспин), втора е Александра Стојановска(Шотокан карате клуб ШИХАН) а третото место го делат Љубица Андоновска (Тениски клуб НЕТ) Алаксандар Делиовски (Кикбокс клуб ТИМ ЗОРАН).

Најдобар тренер во млади категории во квалитетен индивидуален спорт е Зоран Спасов (Кик Бокс клуб Тим Зоран), втор е Атанас Василев (Шотокан карате клуб Шихан), а третопласиран е Димитар Лазарев (Тениски клуб НЕТ).

Во категоријата квалитетен индивидуален спорт најдобар спортист е Спасе Стојанов (Шотокан карате клуб Шихан), второто и третото место им припаднаа на членовите на Кикбокс клуб Тим Зоран, Филип Мицевски и Ерен Есадовски.

На манифестацијата на повеќе клубови и здруженија им беа доделени плакети за јубилеите од нивното постоење. Плакети добија Фудбалски клуб АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – 10 годишен јубилеј, Спортско риболовно друштво ШАМПИОН – 15 годишен јубилеј, Планинарско друштво ЕДЕЛВАЈС – 25 годишен јубилеј, Карате клуб ФУДО – 35 годишен јубилеј, ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ – 40 годишен јубилеј, и ОПШТИНСКИ СОЈУЗ НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА СТРУМИЦА – 40 годишен јубилеј.

Во изминатата 2020 година, неколку спортисти кои потекнуваат од нашиот град Струмица, а кои настапуваат за клубови и екипи во други земји како интернационалци, како и за македонските репрезентативни селекции дале голем придонес за успесите на македонскиот репрезентативен спорт, а со тоа дадоа и голема афирмација на струмичкиот спорт.

Тие се: ГОРАН ПАНДЕВ – член на италијанскиот калчолигаш Џенова, кој е капитен и најдобар играч на сениорската фудбалска репрезентација, која за прв пат во историјата на македонскиот фудбал оствари пласман и ќе учествува Европското првенство во фудбал.ЈАНИ АТАНАСОВ – член на хрватскиот прволигаш Хајдук од Сплит, капитен и најдобар играч на младата фудбалска репрезентација на Македонија, која остварува завидни резултатиНИКОЛА ЃОРЃИЕВ – капитен и најдобар играч на сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија, која по втор пат оствари пласман и учество на Европското првенство во одбојка. АЛЕКСАНДАР ЉАФТОВ –еден од најистакните играчи на сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија, која по втор пат оствари пласман и учество на Европското првенство во одбојка.ЃОРЃИ ЃОРГИЕВ –главен организатор на играта на сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија, која по втор пат оствари пласман и учество на Европското првенство во одбојка.

За Особен придонес во спортот им се доделени плакети на спортските лекари кои заминуваат во заслужена пензија: д-р Илија Стоилов и д-р Стојан Бансколиев.

Постхумно му е доделена плакета на Сандо Масев за особен придонес во кошарката.

Наградите на најдобрите спортисти и екипи им го доделија претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на Советот.

Share via
Copy link