Даскаловски:Советничката листа-тим од докажани социјалдемократи

 Даскаловски:Советничката листа-тим од докажани социјалдемократи

-Со голема чест и гордост вечерва ја следев нашата конференција на која беше претставена советничката листа на ОО СДСМ во Струмица. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија и со силна победничка мотивација, објави кандидатот за градоначалник на Струмица, Марјан Даскаловски.

Пред нас стои тим од докажани социјалдемократи – луѓе кои својата чесност, професионалност и работа за заедницата ја имаат покажано и докажано. Заедно со носителот на листата Миле Гогов, тие се гаранција дека Советот ќе биде вистински глас на граѓаните, дека секој еден жител на нашата општина ќе има своја поддршка и застапеност.Јас како кандидат за градоначалник цврсто стојам зад овој тим. Заедно ќе се бориме за посилна општина, за модерна и успешна Струмица, за модернизирани села и за подобра иднина за сите нас.Струмичани знаат да одлучат мудро.Општина Струмица ќе продолжи да биде симбол на високи демократски вредности.Победата започнува сега!, напиша Даскаловски.

Share via
Copy link