fbpx

Доживотен затвор за Марјанчо Велев, двојниот убиец од Струмица

 Доживотен затвор за Марјанчо Велев, двојниот убиец од Струмица

Основниот суд во Струмица денеска го осуди Марјанчо Велев (55) од струмичкото село Добрејци на казна доживотен затвор за извршеното убиство врз струмичанецот Александар Мицев, чие тело беше пронајдено во водите на браната „Турија“.

Претходно, во февруари годинава, струмичкиот суд му изрече казна затвор во траење од 20 години заради убиството врз струмичанецот Ристо Иљашев на 7 мај 2019 година, чие тело исто така беше пронајдено во акумулацијата „Турија“.

На денешното изрекување на пресудата за убиството врз Мицев, казната на Велев, согласно член 44 од Казнениот закон, му е утврдена во единствена казна од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа и вториот струмичанец, Ристо Иљашев.

Судење за убиството на Алeксандар Мицев почна на 7 овој месец.

Осудениот има право на жалба до повисоките судски инстанци во рок од 15 денови од денот на изрекувањето на пресудата.

Share via
Copy link