fbpx

Двајца нови и 10 оздравени од Ковид-19 во Струмица

 Двајца нови и 10 оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 228• Кавадарци – 30• Велес – 27• Битола – 24• Штип – 21• Прилеп – 20• Куманово – 17• Крива Паланка – 13• Кочани – 12• Тетово – 11• Кичево, Гевгелија и Берово – по 10• Неготино – 7• Охрид и Валандово – по 6• Пробиштип – 5• Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4• Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3• Струмица-2, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2• Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица:

3 починати лица од Скопје (63г, 81г и 86г), 2 починати лица од Куманово (63г и 74г) и по едно починато лице од Прилеп (98г), Битола (61г), Велес (36г), Кавадарци (73г), Охрид (69г), Кочани (69г), Пробиштип (63г) и Крива Паланка (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 308 оздравени пациент од:

• Скопје – 143• Куманово – 28• Велес – 21• Прилеп – 17• Штип – 15• Битола – 14• Крива Паланка – 12• Кавадарци – 11• Струмица – 10• Кочани – 7• Кичево – 5• Радовиш, Делчево, Виница и Кратово – по 3• Неготино, Пробиштип и Ресен – по 2• Тетово, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Струга, Демир Хисар и Богданци – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750

Share via
Copy link