„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000
Кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во изборна единица 4, Венко Филипче вчера во Кавадарци присуствуваше на отворање на нов изборен штаб. Филипче пред граѓаните потсети на вложувањата во здравството, земјоделието и покачувањето на платите кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот мандат. Тој истакна дека СДСМ во следните четри години има предвидено уште повеќе средства за поддршка и развој на тиквешкиот регион и земјоделието, а платите во сите сектори ќе продолжат да растат.
„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бида од 120.000 до 140.000 денари, а на на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе ги подобриме услугите. Во изминатите 4 години се направени големи вложувања во болницата во Кавадарци но и во Прилеп каде е донесена магнетна резонанца, а жителите од овој крај веќе не мора да патуваат до Скопје за здравствени услуги”.
Филипче се осврна и на приходите и проектите во земјоделството и најави рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство.
„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакна земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“ – истакна Филипче.