Фото: карневалските маски „Холандија на дланка“ и „Разиграни сложувалки“ учествуваа на Карневалот во Херцег Нови
Карневалските маски „Холандија на дланка“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Разиграни сложувалки“ на Здружението за песни и ора „Фолклорна низа“ учествуваа на Карневалот во Херцег Нови, Црна Гора, кој се одржува во рамките на Фестивалот на мимозата.
Настапот на двете карневалски групи предизвика огромен интерес не само кај публиката, туку и кај тамошните медиуми и беше убаво загревање на двете групи пред настапот на главната вечер на Интернационалниот струмички карневал на 1 март.
Текст и фото: Веле Појразовски