„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Горазд Михаилов е нов тренер на Брера
Доскорешниот тренер на Вардар, Горазд Михаилов го презема кормилото на Брера која претходно му врачи отказ на Бојан Круљ.
Брера денеска го промовираше Михаилов во нов тренер на првиот тим.
„50 годишниот тренер Горазд Михаилов е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на Брера Струмица. Ова е одлуката на управата на клубот, откако пред два дена, спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ откако екипата го забележа и третиот последователен пораз во првенството“, стои во соопштенито на Брера.
Михаилов веќе имал состанок со фудбалерите и го одработил првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев.
Во стручниот штаб на Михаилов помошници ќе му бидат Тане Темелков и Тони Атанасов кој од младинскиот погон се префрлува во сениорите, кондиционен останува Дарко Коцев а со голманите Ѓорѓе Шопов.