Градоначачалникот Костадинов ги прими членовите на Кик бокс клубот „Тим Зоран“, освојувачи на медали во Бугарија

 Градоначачалникот Костадинов ги прими членовите на  Кик бокс клубот „Тим Зоран“, освојувачи на медали во Бугарија

-Спортистите се најголемите амбасадори на нашата Струмица и секогаш се гордееме со нивните успеси.Од едно успешно учество на Европски куп од Пловдив во Бугарија, се вратија членовите на Кик бокс клуб Тим Зоран, а кои денеска беа мои гости, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Во силна конкуренција со учесници од скоро сите европски држави, тие се вратија со 2 златни и еден бронзен медал.Разговаравме за резултатите и конкуренцијата на Европскиот куп, за предизвиците на овој спорт и учеството на следните натпревари.Им посакав многу успех понатаму и им ја потврдив мојата и поддршката од Oпштина Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link