Градоначалникот Камчев го посети првороденото бебе во Општина Валандово

-Денес, со голема радост, ја имав честа да го посетам првороденото бебе на општина Валандово во Новата 2026 година.На 2 јануари 2026 година, општина Валандово го доби својот прв жител во новата година – машко бебе кое го доби прекрасното име Ноа, објави градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев.
-Овој радосен настан претставува симбол на нов почеток, надеж и иднина за нашата општина.Во знак на внимание и поддршка,во името на општина Валандово заедно со директорот на ЗдравствениотДом, на мајката Катерина и подаривме вредносен ваучер и пригодни подароци.Упатувам искрени честитки до родителите, со желби Ноа да расте здраво, среќно и опкружено со љубов. Нека оваа радост биде поттик и во наредниот период во општина Валандово да се раѓаат уште многу дечиња, носејќи живот, насмевки и светлина во нашата општина, напиша Камчев.