fbpx

Градоначалникот Костадинов го најави одржувањето на 13-то издание на „Струмица опен фестивал“

 Градоначалникот Костадинов го најави одржувањето на 13-то издание на „Струмица опен фестивал“

-Убавата вест, за која сум убеден дека сите ќе ги израдува, вели дека за неколку дена, или поточно на 22 јули, ќе започне годинешното, тринаесетто издание на манифестацијата „Струмица опен фестивал“, кое ќе трае се до 20 август, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Денес ја споделивме оваа вест со новинарите и граѓаните, на прес конференцијата која се одржа во струмичкиот Младински центар, на која, покрај организаторите од Здружението „Културно забавен живот“ и неговиот претседател Томи Печков, присуствуваа и дел од учесниците на манифестацијата.Во моето обраќање го истакнав задоволство од фактот дека во сите содржини од програмата на „Струмица опен фестивал“ ќе настапат исклучиво македонски изведувачи, но и мојата надеж и уверување дека, и годинава, манифестацијата ќе биде на рамништето на своето високо реноме.Општина Струмица и јас како градоначалник, и годинава ја имаме улогата на генерални покровители, како големи и верни поддржувачи на „Струмица опен фестивал“Драги сограѓани, пред нас е манифестација за сите вкусови. Затоа ве поканувам заеднички да ги проследиме содржините од 13 „Струмица опен фестивал“ и да уживаме во културните бранови на радостам, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link