Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Грк преку „див премин“ влегол во нашата држава
МВР соопшти дека вчера во 17:33 часот на место „Живинарска фарма“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле К.Х.(33) од Република Грција. Претходно, тој бил забележан како со патничко возило „нисан навара“ со грчки национални ознаки нелегално, на необележан граничен премин, влегол во Република Северна Македонија.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
Фото: архива