Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕДОВНО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗНМ
Почитувани колешки и колеги,
Ве информираме дека Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот свикува редовно изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ.
Новинар(к)ите и медиумските работници што сакаат да учествуваат на изборното Собрание, кое ќе се одржи на 3-ти декември (сабота) во Скопје, треба да го ажурираат своето членство најдоцна до 25-ти ноември (петок) 2022 година, согласно одлуката на Управниот одбор на ЗНМ.
Кандидатурите (предлог образец во прилог) за претседател на ЗНМ, за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за членови на Советот на честа треба да бидат доставени во писмена форма најдоцна до 29-ти ноември (вторник) 2022 година во канцеларијата на ЗНМ испратени на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, ул. Градски Ѕид Блок 13, 1000 Скопје или да се испратат електронски на е-маил адресата на ЗНМ – contact@znm.org.mk со назнака „КАНДИДАТУРА за (претседател или член на конкретниот орган)“.
Според актите на ЗНМ:
- За претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку 10 (десет) редовни членови.
- За член на Управен одбор и Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од 5 (пет) членови на ЗНМ.
- За член на Советот на честа може да се кандидира секој редовен член со поддршка од 5 (пет) редовни члена
Подетални информации за условите за кандидирање во органите на ЗНМ се достапни во Статутот на ЗНМ, Правилникот за работата на Собранието кои се јавно достапни на веб страната на ЗНМ.
За било какви прашања може да се обратите во канцелариите на ЗНМ, на е-маил contact@znm.org.mk или на телефонскиот број: 02/3298-139
Со почит,
Младен Чадиковски,
Претседател
02.11 2022 година, Скопје