fbpx

„Комуналец“ изврши генералка на Градските гробишта

 „Комуналец“ изврши генералка на Градските гробишта

Во пресрет на верскиот празник Митровденска задушница ЈПКД „Комуналец“ изврши генерално чистење на просторот околу и во Градските гробишта.

-Се известуват сите посетители кои ќе ги посетат Градските гробишта со своите автомобили дека ке има еднонасочен влез на движење , поточно влезот на автомобили ќе биде на предниот влез на гробиштата откај Струмица, а излезот на возилата ќе биде исклучиво на задниот излез од гробиштата накај селото Баница. На овој начин ке се намали сообраќајниот метеж кој се создава при големо присуство на автомобили. Секако апелираме и за совесно однесување, неуништување на урбаната опрема како и неоставање на отпадоци се со цел за почиста средина, напишаа од струмичкото комунално претпријатие.

Share via
Copy link