Полициски билтен:пронајдена марихуана кај жител на Моноспитово, семејно наислство, валандовчанец пронајден починат, пожар меѓу Сушица и Секирник

 Полициски билтен:пронајдена марихуана кај жител на Моноспитово, семејно наислство, валандовчанец пронајден починат, пожар меѓу Сушица и Секирник

На 09.10.2026 година во 13:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Н. (46) од село Моноспитово, струмичко. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.По извршениот службен разговор, лицето доброволно предало и две пластични шишиња исполнети со марихуана од неговиот дом.За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.10.2026 во 11:55 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ш.Р.(50) од Струмица. Според пријавеното тој околу 11:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 44-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.10.2026 во 11:40 часот во Полициската станица Валандово лекар од Итна медицинска помош Валандово пријавил дека во стан на ул. „Маршал Тито“ во Валандово бил пронајден починат И.Ч.(47) од Валандово. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 08.10.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во атар на селата Сушица и Секирник. На 09.10.2026 година бил извршен увид при што било утврдено дека од пожарот биле зафатени сува трева и земјоделски површини засадени со пченка, сопственост на М.В. и В.М.. Од страна на Територијалните противпожарни единици од Струмица и Ново Село пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Share via
Copy link