11 ОКТОМВРИ НЕПОКОР И БОРБА ЗА СЛОБОДА !

Пишува: Ванчо Тркалевски
ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА ИЗОЛАЦИЈА И ГЕОСТРАТЕШКИ ПРЕВРАТИ! БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА! САКАМЕ ДОСТОИНСТВЕН СПОКОЕН И СТАБИЛЕН ЖИВОТ ЗА НАС И НАШИТЕ ДЕЦА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА КАКО МАКЕДОНЦИ СО СВОЈ ЈАЗИК КУЛТУРА И ИДЕНТИТЕТ!
Од искона до денес, Македонецот сонувал пеел, деел, се борел и сакал своја сопствена македонска држава. Низ вековите никогаш не седевме мирни, никојпат не му се покоривме на оној кој сакаше да ни наметне нешто туѓо.
Да почнеме од првиот апостолот Павле, тргна од територијата на Македонија и го проповедаше христијанството низ Европа. Да ги спомнеме и светите 15 Тивериополски свештеномаченици, кои создадоа своја мала црковна општина, не како денешните во административна смисла на зборот, но ја формирале и зацврстиле, првата христијанска заедница во Тивериопол ,(Струмица) и го продолжиле делото на светиот апостол Павле, не плашејќи се да ги дадат своите животи за верата Христова, прогонувани од заповедта на царот Јулијан Апостата, кој ги гонел и убивал Христијаните!
Светите браќа Кирил и Методиј, родум од Солун, Македонија, биле оние кои ја создале и првата словенска азбука и почнале со превод на црковните книги. Таа азбука била наречена глаголица, а тие во тоа време како учени рамноапостоли, успеале глаголицата да ја постават на ранг на тријазичниците, ставајќи ја во редот на дотогаш признатите хебрејски, грчки и латински јазик. Се тоа се случувало и тргало од овие простори од Македонија.
По светите браќа доаѓаат светите Климент и Наум Охридски, кои го отвараат и првиот универзитет, Европски во лицето на Охридската книжевна школа. Тие продолжиле и со дејноста на своите учители,па ја направиле и доусовршиле глаголицата нарекувајќи ја Кирилица во чест на својот учител.
По сето ова доаѓа и царот Самуил, чиешто потекло, според тврдењата е Ерменско, по мајка му, но бил крунисан со бугарска круна, која била само од формално правен аспект, а не оргинално и не како официјален бугарски цар. Во негово време била формирана Охридската патријаршија, која потоа Василиј ll, исто така наречен Македонец, ја поставил на ранг Архиепископија и, и ја признал автокефалноста и независноста на Архиепископијата! Охридската Архиепископија опстојувала цели осум века, сè до нејзиното неправедно укинување од страна на османлискиот султан Мустафа III во 1767 година.
Кралот Волкашин и деспотот Јован Углеша Мрњавчеви биле моќни средновековни владетели кои управувале со територии во регионот на Македонија во текот на XIV век. Како браќа, тие одиграле клучна улога во историјата на Балканот преку нивниот заеднички обид да го сопрат продорот на Отоманската Империја. Нивното најзначајно историско дело е организирањето на големиот христијански поход против Османлиите. На 26 септември 1371 година, на реката Марица (кај селото Черномен), се одиграла судбоносната Маричка битка.Маричката битка е клучниот настан кој го означува почетокот на потпаѓањето на Македонија под османлиска власт.По катастрофалниот пораз на христијанската војска на 26 септември 1371 година кај Черномен на реката Марица, каде што загинале македонските владетели — кралот Волкашин и неговиот брат, деспотот Јован Углеша.
Крали Марко (околу 1335 – 17 мај 1395) е средновековен владетел на Прилепското Кралство и последниот христијански крал кој владеел со поголемиот дел од Македонија. • Тој бил син на кралот Волкашин и кралицата Евросима (Елена) од династијата Мрњавчевиќ.• Владеење: Неговото кралство било со седиште во Прилеп. По трагичната Маричка битка во 1371 година, каде што загинал татko му Волкашин, Марko продолжил да владее како турски вазал (под врховна власт на османлискиот султан).• Смрт: Загинал на 17 мај 1395 година во Битката кај Ровине, борејќи се на страната на султанот Бајазид I против влашкиот војвода Јован Мирче.
За време на повеќевековното османлиско владеење во Македонија, македонскиот народ кренал повеќе востанија, буни и вооружени отпори со цел ослободување и создавање независна држава.
Големи масовни востанија•
Карпошово востание (1689 година): Ова е едно од најголемите востанија пред појавата на модерното национално движење. Избувнало во североисточна Македонија (Кривопаланечко, Кумановско) за време на Австро-турската војна. Предводник бил легендарниот ајдутски арамбаша Карпош, кој од австрискиот цар Леополд I ја добил титулата „Крал од Куманово“. По повлекувањето на австриската војска, востанието било крваво задушено, а Карпош бил свирепо убиен на Камениот мост во Скопје.•
Разловечко востание (1876 година): Ова востание го означува почетокот на организираната национално-ослободителна борба. Избувнало во пијанечкиот крај (село Разловци) под раководство на Димитар Поп Георгиев Беровски и Поп Стојан. Иако било брзо задушено, имало огромно значење за будењето на националната свест.•
Кресненско востание (Македонско востание) (1878 – 1879 година): Избувнало во Кресненската клисура во Пиринска Македонија како директен одговор на одлуките на Берлинскиот конгрес, кој ја оставил Македонија под османлиска власт. Востаниците формирале своја војска и воено раководство, а за претседател на Востаничкиот комитет бил избран Димитар Поп Георгиев Беровски.
• Илинденско востание (1903 година): Најмасовното, најдобро организираното и најзначајното востание на македонскиот народ, организирано од ТМОРО (ВМОРО). Започнало на 2 август 1903 година (Илинден). Најголемиот успех бил постигнат со ослободувањето на Крушево и прогласувањето на Крушевската Република, на чело со Никола Карев, која траела 10 дена. Востанието било задушено со огромна суровост, но останало темел на македонската државност.
Локални буни и заговори•
Мариовско-прилепска буна (1564 – 1565 година): Еден од првите документирани масовни отпори против османлиската неправда и високите даноци, предводен од селани од Мариово и Прилеп.
• Негушко востание (1822 година): Избувнало во градот Негуш (Егејска Македонија) во рамките на поширокото Грчко востание. Македонското население, предводено од Логотет Зафиракис, Ангел Гацо и Караташо Постариот, пружило силен отпор, но градот бил уништен, а голем дел од населението масакрирано.
• Брсјачка буна (1880 – 1881 година): Локално востаничко движење во Западна Македонија (Демирхисарско, Кичевско, Порече, Прилепско), предводено од војводи како Деме Поп Димитров и Илија Делија, насочено против разбојничките банди и османлиското безвластие.
• Охридски заговор (1880 година): Ослободителен заговор предводен од митрополитот Натанаил Кучевишки и охридски првенци, кој бил откриен од властите пред да прерасне во масовно востание. Најголем бум од сите овие работи оставило Илинденското востание, или Крушевската десетдневна република, која била првата република на балканот. Востанието како што се наведува погоре и републиката биле громогласни но не успеале бидејќи биле прерано кренати. Некои од македонските револуционери, како што е Гоце Делчев се противеле на нивното кревање. Гоце Делчев загинува во селото Баница, Серско (денешна Егејска Македонија / Грција) на 4 мај 1903 година, откако неговата чета била опколена од османлиски аскер.Во однос на востанието, Гоце Делчев бил против кревање на општо востание во 1903 година, сметајќи дека тоа е преурането и дека народот и организацијата сè уште не се доволно подготвени со оружје и муниција. Неговото предвидување се остварило, но востанието одекнало и до ден денешен ние го славиме како темел и почеток на основањето независна македонска држава !
•Балканските војни се одвиваат во периодот од 8 октомври 1912 година до 10 август 1913 година. Тие се поделени на две фази: • Прва балканска војна: Од 8 октомври 1912 до 30 мај 1913 година (каде балканските сојузници војуваат против Отоманската Империја). • Втора балканска војна: Од 29 јуни до 10 август 1913 година (каде сојузниците војуваат меѓу себе, односно против Бугарија).
• Букурешкиот мировен договор е потпишан веднаш по завршувањето на Втората балканска војна, поточно на 10 август 1913 година. Со овој договор се става крај на Балканските војни и се врши поделбата на територијата на Македонија меѓу балканските држави.
• Версајскиот мировен договор е потпишан неколку години подоцна, на 28 јуни 1919 година. Со овој договор официјално завршува Првата светска војна помеѓу Германија и сојузничките сили, а со него подоцна се санкционира и потврдува поделбата на Македонија.
Првите пушки пукаат на 11 октомври 1941 година, со што официјално започнува Антифашистичкото востание на македонскиот народ во Втората светска војна.Овој историски настан започнува во два града со следниве клучни дејствија: Прилеп (11 октомври 1941): Борците од Првиот прилепски партизански одред извршуваат вооружен напад врз бугарскиот полициски участок (полициска станица) и телефонско-телеграфската мрежа во градот.
Куманово (12 октомври 1941): Следниот ден, вооружениот отпор се проширува со вклучувањето и акцијата на партизаните од Кумановскиот одред. Ова не значи само кревање на гласот против фашистичкиот окупатор, туку и на создавање на конечна македонска држава. Втората светска војна се води најпрво во помали групи а потоа и во организирани дивизии, бригади, батаљони и чети, кои до крајот на војната ќе достигнат бројка од околу 100 000 борци. Најголемата дилема околу ова организирано вооружено востание, се води, дали македонските сили да одат на Солун, или да помогнат во ослободувањето на Сремскиот фронт. Одлуката паднала да се оди на Срем, бидејќи според кажувањата на самиот Јосип Броз Тито, доколку се одело на Солун, големите сили ќе ја уништеле цела армија и ќе било доведено во прашање и целото вооружено востание и народноослободителната борба.
Македонската држава е официјално признаена на Второто заседание на АВНОЈ, кое се одржа на 29 и 30 ноември 1943 година во градот Јајце, Босна и Херцеговина.На ова историско заседание беа донесени клучни одлуки за македонската државност:• Федерално уредување:
Идната Југославија беше дефинирана како федеративна држава на рамноправни народи, составена од шест федерални единици (држави), меѓу кои и Македонија.• Признавање на нацијата и јазикот:
Македонскиот народ за првпат беше меѓународно и правно признаен како посебен и рамноправен нација со останатите јужнословенски народи. Набрзо потоа, на 15 јануари 1944 година, Претседателството на АВНОЈ донесе решение со кое македонскиот јазик беше прогласен за рамноправен јазик во кој ќе се објавуваат сите официјални акти.Овие одлуки на АВНОЈ послужија како правна и политичка основа за подоцнежното конституирање и прогласување на македонската држава, кое се случи на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински.
Република Македонија ја прогласи својата независност на 8 септември 1991 година, по успешно спроведениот референдум на кој 95,3% од граѓаните што излегоа на гласање ја поддржаа самостојноста.
Клучни настани во процесот на осамостојување:• 25 јануари 1991 година: Собранието ја усвои Декларацијата за самостојност, сувереност и независност.• 8 септември 1991 година: Се одржа референдумот со прашањето: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“.• 18 септември 1991 година: Собранието ја усвои Декларацијата за прифаќање на официјалните резултати од референдумот.• 17 ноември 1991 година: Беше усвоен првиот Устав на независна Република Македонија.• Април 1992 година: Монетарување и воведување на сопствен денар како валута, по што следеше меѓународно признавање и прием во Обединетите нации (ОН).Денес, 8 Септември се одбележува како Ден на независноста на државата.
За 35 години независност Македонија помина низ многу премрежја, овде зборувам за политички но и воени, каде мораше да смени знаме, да помине конфликт со Албанците и на крајот, да го потпише
Преспанскиот договор, кој беше цреша на тортата која почна да се прави уште кога бевме примени во ООН, под привремената референца ПЈРМ! Со потпишувањето и ратификацијата на Преспанскиот договор помеѓу Скопје и Атина, спорот беше решен. [2] Името Република Северна Македонија (со севкупна употреба, erga omnes) стана официјално име на државата, со што упатницата ПЈРМ целосно замина во историјата. По влегувањето во Нато ,после консултативниот референдум за промената на името, во кој од оние над 660 000 граѓани над 90% беа за и потпишувањето на договорот од Преспа,она кое ни се случи, беше неочекуваното вето, најнапред од Франција а потоа и од Бугарија, за почетокот на преговорите и влез во Европската унија. Но Франција после ветото на Бугарија, изнајде решение и беше потпишан т.н француски предлог, дефиниран како рамка за преговори со #ЕУ, на кој спорни останаа потпишувањето на двата протоколи, кои и те како, се занимаваат со се досега кажаното од моја страна, т.е. околу историските прашања, кои не се клучен дел од преговорите , ама се даваат како поддршка во меѓусебните билатерални односи, помеѓу двете земји, како охрабрување за постигање компромис и добрососедски односи.
На крајот на денот од се досега кажаното гледаме дека, денешницата на геостратешки пореметувања и нови изненадувања кои ни ги носи светот, не прави да бидеме мудри, трпеливи и со широко отворени очи.
Од досегашното постоење на независната македонска држава, политиките кои ги водиме се засноваат и застануваат на она кои сме, што сме и од каде сме.
Драги мои Македонци, толку сме испреплетени и имаме ненаклонета и жална историја , која секојпат не носела во води каде имало големи бранови, или сме биле потчинети, или наведувани на себеодрекување, но никојпат не сме отстапиле од она што сме и што сакаме да бидеме ! Не успеавме за жал, досега да направиме држава, во која Македонецот, би бил почитуван, ценет, рамноправен и рамо до рамо со големите европски народи. Државата и политиките кои се водеа во неа, немаа никаков резултат, освен она кое ни се случува денес а тоа е изолација и чекање пред портите на европската унија, само заради тоа што некој ни вели, дека ќе ни биде загрозено, сето она кое го набројав досега а тоа е со еден збор #Идентитетот. Ние како мала држава мораме да бидеме разумни и да поентираме, бидејќи ништо не е лесно и никому не му е постелен патот со рози. Имавме многу отстапки, но го задржавме најсветото, бидејќи нема друго име кое го содржи зборот Македонија во #ООН, нит има друг народ македонски, со свој јазик, култура и историја. Тоа успеавме да го зачуваме и ќе го браниме до крај, но нема да тапкаме во место, бидејќи сме во време каде патриотското, болното и најсветото нешто се користи за политички поени и намерно кочење на #евроинтеграциите. Да се освестиме и да и погледнеме на вистината во очи, да им кажеме доста е на овие #политиканти, кои мислат дека оваа земја и народ можат да го поседуваат, манипулираат и користат за себепромоција и давање на лажни надежи. Овој народ многу претрпел и ова ќе го помине. Нема да дозволи да останеме закочени како колатерална штета од квинслишки игри, помеѓу одредени личности и партии! Оваа македонска држава скапо е платена и мора да оди #напред. Внесувањето на Бугарите во устав, ќе биде исполнето и преговорите со #Еу ќе почнат. Ние друга опција немаме а и резервна држава немаме!
Како млад, нов на мак политичка сцена, ветувам дека она кое се вика грижа за своето и своите, државата и народот ,ќе ја превземам одговорноста и спремен сум да ги водам преговорите и тоа пак потенцирам, без да се чепне во најсветото,кое верувајте нема да биде предадено и продадено, како што некои сакаат тоа да го пласираат во #етер. Нека ни е честит и вековит денот на македонското народно востание, да бидеме доследни на сите кои сонуваа за ова парче македонска држава, иако не етнички целосна, сепак наша македонска а со влегувањето во семејството на #Европската#унија, ќе бидеме целосни политички,територијално обединети и секој Македонец, од било кој дел на Македонија ќе може да се каже дека е горд Македонец, а државата мораме да ја направиме функционална ,правна и со стандард достоен за живот.
Честит 11 Октомври да живеее слободата да живеее Македонија