Жител на Ораовица се сомничи дека убил куче-загар на негов соселанец

 Жител на Ораовица се сомничи дека убил куче-загар на негов соселанец

На 10.10.2026 во 23:50 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Т.(59) од село Ораовица. Тој се сомничи дека на 10.10.2026 околу 20:00 часот во близина на неговиот дом со истрел од воздушна пушка усмртил куче-загар од раса „Посавец“, сопственост на И.Ц.(36) од село Ораовица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Од С.Т. се одземени една ловна и една воздушна пушка, а увид на местото извршиле екипа на ОВР Радовиш, ветеринарен лекар и инспектор од Агенција за храна и ветеринарство.

Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Фото: илустрација архива

Share via
Copy link