Струмичанка потешко повредена откако во неа удрило „ауди“ управувано од 79 годишен струмичанец

 Струмичанка потешко повредена откако во неа удрило „ауди“ управувано од 79 годишен струмичанец

На 05.10.2026 во 14:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосница од  бул.„Ленинова“, ул.„Цветан Димов“ и ул.„Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 79-годишниот Ј.Џ. од Струмица, удрило во 57-годишната С.А. од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобила С.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link