fbpx

Полициски билтен:пронајдена марихуана, се запалил „мерцедес“, физички напад

 Полициски билтен:пронајдена марихуана, се запалил „мерцедес“, физички напад

На 02.11.2022 во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2022 во 13.30 часот во Полициската станица Струмица, Г.И.(41)  од село Еднокуќево, струмичко, пријавил дека околу 00.30 часот настанал пожар во неговото патничко моторно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. паркирано до неговиот дом. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Струмица.

На 02.11.2022 во 16.40 часот во Полициската станица Струмица, Л.М.(43) од Струмица пријавила дека  на 01.11.2022 околу 12.15 часот во близина на основно училиште во Струмица нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link