Во „Карпош“ ќе се гради уште еден парк во соработка на Општината со УНДП
Изгореле два автомобили во Гевгелија

МВР соопшти дека денеска во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58).
Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.