Јанков:Механизацијата е на терен, попладнево состојбата се стабилизираше

 Јанков:Механизацијата е на терен, попладнево состојбата се стабилизираше

-Дејството на циклонот кој го зафати нашиот југоисточен регион придонесе за големи врнежи од дожд, надоаѓање на водата, излевање од коритата и поплави.Денеска го посетив критичното место во Муртино. Посетив и други посочени места каде ситуацијата е најкритична. Уште од утрово механизацијата на ЈП Комуналец е на терен. Ангажирана е дополнителна механизација од приватниот сектор.Околу 15 часот состојбата се стабилизираше, објави вечерва градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

-Нашата механизација и екипите остануват на теренот и во текот на ноќта, на сите места каде што се проценува дека е критично. Во контакт сме постојано со граѓаните на терен. Дождот паѓа и во наредните часови и денови, а ние будно ќе ја следиме состојбата, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link