„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Јорданчо Давитков е нов тренер на кошаркарскиот клуб Струмица
Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков е нов тренер на кошаркарскиот клуб Струмица. Искусното име на клупата треба да помогне на Струмица во битката за опстанок во првата лига.
Давитков има огромно искуство, во Македонија работеше во Никол Ферт, Поло Трејд, Балкан, Неметали Огражден, Работнички, Струмица и беше селектор на националниот тим. Исто така тој работеше и во странство, во Сноефел, Ал Кадсиа, Ал Јахра, Ал Васл, Ал Шааб, Банијас и беше селектор на Кувајт.
Струмица е последнопласирана екипа на табелата со две победи и 11 порази. Давитков има задача да избори што е можно подобар пласман пред плеј-аут сегментот.