Гевгеличанка потешко повредена откако во неа удрил „ланд ровер“ додека го туркала велосипедот
Кај струмичанец и струмичанка пронајден кокаин,го купиле од тетовчанец

СВР Струмица соопшти дека вчера во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници ги лишија од слобода П.Ш.(29) и С.Д.(24), двајцата од Струмица. При претрес во домот на П.Ш., извршен со судска наредба, во кој била затекната и С.Д., е пронајдено пакување со околу 100 грама кокаин.
Во 14:30 часот во Струмиа е лишен од слобода и И.Б.(55) од село Чифлик, тетовско, од кого П.Ш. и С.Д. го купиле кокаинот.
Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.
Фото: илустрација архива