fbpx

Ќе се гради експресниот пат Струмица – Валандово

 Ќе се гради експресниот пат Струмица – Валандово

Јавното претпријатие за државни патишта ја подобрува патната инфраструктура во регионот. Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1 во должина од 25 километри.

Утре, со почеток во 11 часот во просториите на домот на АРМ ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за овој проект.

Јавното претпријатие за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

Фото: сегашниот пат Струмица-Валандово

Share via
Copy link