fbpx

[Колумна] Агресивните активисти и независните советнички листи за Струмица, Босилово и Ново Село

 [Колумна] Агресивните активисти и независните советнички листи за Струмица, Босилово и Ново Село

Наместо кочничари на развојот заробени во оловниот облак исполнет со деструктивна енергија која неаргументирано го сатанизира Проектот за рударски комплекс „Иловица – Штука“, се надевам дека конечно ќе се ресетираат, па со граѓанската креативност и позитивизам ќе пристапат на конструктивниот дијалог и заложбите за целосна примена на строгите законски прописи, примена на најновите технологии и добри практики за одржливото рударство во 21-от век, како и највисоките светски стандарди и критериуми за заштита на човековата околина.

Верувам дека сите ние кои подолго паметиме, ќе се согласиме дека во последниве триесетина години на сите досегашни локални избори кандидатите за градоначалници и советници во општинските совети кои се како локални „влади и парламенти“, се промовираат и натпреваруваат со многу ветувања или со подолги „листи на желби“ за потребни проекти кои би ги реализирале во нивниот иден мандат. Со мали разлики, кај сите кандидати најчесто се повторуваат ветувањата за: почиста и поуредена општина, нови или реновирани и добро опремени училишта, изградба на нови или асфалтирање на постојните локални патишта, еколошки безбедна депонија, пречистителна станица за отпадни води, реконструкција на дотраени дистрибутивни мрежи за чиста вода до сите домаќинства, урбан канализационен систем, канали за наводнување, постојано чистење на речните корита, современо организиран развој на земјоделството и ефикасни откупни центри, развој на руралниот и бањскиот туризам, поквалитетен социјален живот за младите, култура, спорт и…

Но, едно големо, „но“ кое постојано се повторува е суровата реалност дека веднаш откако новоизбраната локална управа ќе биде устоличена, неизбежно ќе се соочи со бруталниот факт дека многу мал дел од така слаткоречиво ветеното може реално да се оствари доколку за веќе презадолжените општински буџети не обезбедат да се слеваат стабилни и значително поголеми финансиски приходи!!!

Тука, на самиот старт е неумолива големата „фабричка грешка“ па дури и на најквалитетните локални лидери кои победиле во изборниот процес, рацете ќе им бидат врзани затоа што без директни приливи на оптимално потребни финансиски средства во општинските каси објективно нема простор за постигнување на посакуваната самоодржливост на општините… Локалните управи и понатаму примарно ќе зависат од одлуките на политиката на централно ниво.

Ноторен факт е дека успешноста на секоја локална власт не се проценува по атрактивноста на нивните ветувања и „желби“ туку само по реално остварените проекти и дела кои се од интерес за сите жители, независно од нивните политички, етнички, верски, полови и културни различности!!!

Всушност, само со конструктивна соработка и ефикасна координираност помеѓу локалните и централната власт, нашата држава може да обезбеди објективни услови за забран развој во сите релевантни сектори и драстично подобрување на условите за достоинствено живеење на сите свои жители. Локалното лидерство има важна улога за да помогне во создавањето на неопходната „пријателска средина“ во нивните општини и да понуди практични решенија за да се привлечат домашните и странски инвестиции кои пак со себе носат нови и подобро платени работни места. Само богати и економски развиените општини, региони и држави можат реално да си дозволат непречено реализирање на сите ветени инфраструктурни и комунални проекти, значително да инвестираат во потребната грижа за животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето… или воопшто во креирање на квалитетни параметри за современо и среќно живеење. Ваквата поддршка од локалното ниво е неопходна за да на национално ниво, нашата држава конечно почне ефикасно да се справува со девастирачките последици од сẻ помасовниот процес на економски мотивирано иселување кон поразвиените земји.

Како слободоумен граѓанин сакам принципиелно да изразам респект и искрено да им честитам на граѓанските активисти од „Здрава Котлина“ за иницијативноста и процедуралното легитимирање на нивното активно учество во изборниот процес на претстојните локални избори преку независни советнички листи. Граѓанските движења за заштита на животната средина се извонредно важен сегмент на општественото живеење и согласно современите меѓународни конвенции за транспарентна партиципативна демократија, тие имаат значајна улога во процесите на одлучување по сите прашања од интерес на жителите во нивните општини.

Сакам да верувам дека нивното лидерство е свесно за големата одговорност која со себе ја носи можната институционализираност доколку некој од нивните кандидати ја добие потребната поддршка во изборниот процес. Очекувам дека ќе успеат цивилизирано да се воздигнат и одлепат од нивното досегашно радикално – негативистичко делување полно со говор на омраза, омаловажувања, лични навреди и отворени закани за физичка пресметка кон сите оние кои различно размислуваат и делуваат. Наместо кочничари на развојот заробени во оловниот облак исполнет со деструктивна енергија која неаргументирано го сатанизира Проектот за рударски комплекс „Иловица – Штука“, се надевам дека конечно ќе се ресетираат, па со граѓанската креативност и позитивизам ќе пристапат на конструктивниот дијалог и заложбите за целосна примена на строгите законски прописи, примена на најновите технологии и добри практики за одржливото рударство во 21-от век, како и највисоките светски стандарди и критериуми за заштита на човековата околина.

Носителите на нивните независни советнички листи еуфорично изјавуваат дека се фокусирани на само една цел – по секоја цена (???) да ја забранат и спречат реализацијата на најголемата странска инвестиција во нашата држава! Да се разбереме, локалниот активизам е важен фактор но користењето на природните богатства, во конкретниот случај – рудните депозити, сигурно не се ничија приватна сопственост и не е само локално или регионално прашање туку спаѓа доминантно во суверените ингеренции на државата и ги засега интересите и добробитта на сите граѓани, од сите краеви на нашата држава.

Уште еднаш, повторно ги повикувам нивните претставници да учествуваат во работата на независното мониторинг тело за перманентен надзор и контрола кое ќе го сочинуваат експертите од науката, локалните управи и претставниците на жителите од засегнатите општини. Ваквото независно мониторинг тело ќе оствари перманентна соработка, согласно законските прописи, со сите директно надлежни државни органи и институции како и со неодамна формираниот „Граѓански Инспекциски Совет“, по иницијатива на „Зелениот институт“ и 26 невладини организации од нашата држава.

Менаџментот на Еуромакс Ресоурцес во континуитет се залага за широка инклузивност и транспарентност преку конструктивен дијалог и соработка со сите чинители. Убедени сме дека непосредното вклучување на сите засегнати страни е клучно за да го изградиме и оперираме современиот рударски комплекс „Иловица – Штука“ како „Вин – Вин“ капитална инвестиција од интерес на инвеститорите, националната економија и буквално сите граѓани на нашата држава.

Д-р Живко Груевски, Директор за Комуникации и Односи со Јавноста

[КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА]

Share via
Copy link