Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
„Комуналец“ набави пет нови возила за собирање отпад
Со пет нови поволно набавени специјални возила за подигање на комунален отпад е подновен возниот парк на „Комуналец“, 3 со зафатнина од 12 метри кубни, едно од 7 и едно од 5 метри кубни специјално за потесните улици. Сите возила се со комплетен систем за пресирање на сметот.
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска го посети подновениот возен парк на „Комуналец“ и со директорот Зоран Горгиев разговараа за новите возила, но и за новите планови на ова Јавно претпријатие.
Со возилата ќе се подобрат комуналните услуги кон граѓаните и ќе се обезбеди поефикасно собирање на комуналниот отпад.
Набавен е и нов трактор за потребите на зимската служба која со останатите возила, механизација и материјали е комплетно подготвена за делување при врнежи од снег.