Костадинов: Денеска се ставени темелите на агротуризмот во Струмица

 Костадинов: Денеска се ставени темелите на агротуризмот во Струмица

-Отвораме нова страница на можностите и потенцијалите на Струмица! Нашата убава Струмица нуди широки можности за реализација на идеи кои ја прават атрактивна и посакувана дестинација за домашните и странските посетители.До прекрасното село Габрово познато по својата природа и Габровските водопади денеска беше отворена хациендата Лоуисандро, првиот агротуристички сместувачки капацитет во југоисточна Македонија, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Ова е дело на нашиот струмичанец Васко Кoциров кој по повеќе од 20 години работа во Холандија се врати во Габрово.Пристигнаа и првите туристи од Холандија и заедно со нив, со амбасадорката на Холандија во Македонија Н.Е Узлем Џанел и домаќините, прошетавме низ селото и уживавме во новата и разновидна понуда на хациендата Лоуисандро која располага со 7 соби и повеќе содржини за спокоен престој и релаксација и здрава домашна храна типична за ова поднебје од сопствено производство.Целта на овој нов тренд на агротуризам е враќање во руралните средини од современите динамични градски средини и уживање во даровите од природата. Нека е со среќа и да ни се множат туристичките капацитети и да ни се полнат со гости, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link