Костадинов го одмрзнува членството во СДСМ

 Костадинов го одмрзнува членството во СДСМ

-По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ, објави поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил.

-Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ, напиша Костадинов.

Фото: архива

Share via
Copy link