fbpx

Костадинов им го честиташе првиот училишен ден на првачињата

 Костадинов им го честиташе првиот училишен ден на првачињата

-Драги првачиња нека ви е честит првиот училишен ден!Денеска за прв пат влегувате во вашите училишта и го започнувате основното образование. Ви посакувам многу успех во учењето, здравје и среќа, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Првиот училишен ден им го честитам и на останатите ученици и наставници во општинските основни и средни училишта кои во текот на летниот распуст комплетно се подготвија обезбедувајќи солидни услови за изведување на наставата.Нашите училишта од денеска се побогати за 451 ученик во прво одделение и 417 ученици во прва година во двете општински средни училишта, а вкупно во сите училишта, новата учебна година започнува за 6.425 ученици.Во чест на првиот училишен ден, со нашите првачиња заедно ја гледавме детската претстава „Царевата нова облека“ во Центарот за култура „Антон Панов“.Нека е со среќа новата учебна година!, објави струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link