„Планетум“ го заврши проектот “ Чист воздух, едуцирај и делуваj”
Костадинов ја информираше Амбасадата на САД за проблемите со водата за пиење
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на гостите од амбасадата на САД во Република Северна Македонија предводени од Кели Мекејлеб, офицер за политички прашања во Амбасадата и нејзините соработници.На средбата разговараа на повеќе актуелни теми на државно и локално ниво, а посебен акцент беше ставен на предизвиците со коишто се соочуваше и се уште се соочува општина Струмица во последниот месец, како што се водата за пиење и недобивањето средства за новиот градски пазар од унгарскиот кредит.
-Претставниците на Амбасадата се интересираа, а градоначалникот Костадинов детално ги информираше за голготата со водата којашто Општината и ЈПКД „Комуналец“ ја поминаа исклучиво сами и без никаков интерес и поддршка од владините институции иако тие имаат надлежности, како и за тоа дека Струмица остана единствена Општина којашто не само што не доби средства, туку остана и без писмено известување зошто е одбиена од унгарскиот кредит иако и струмичани ќе ја имаат обврската за неговото враќање. При тоа градоначалникот им ги објасни и причините за подигањето на алармот во ЗЕЛС, а и се заблагодари на Мекејлеб за покажаниот интерес и дадената поддршка на Струмица и струмичани, во време кога тие се соочуваат со сериозни предизвици и сами бараат и наоѓаат решенија за нив, се наведува во информацијата од Општина Струмица.