fbpx

Костадинов: Струмица е единствена во Македонија и на Балканот којашто воведе целосно електричен јавен превоз

 Костадинов: Струмица е единствена во Македонија и на Балканот којашто воведе целосно електричен јавен превоз

Aирлија и честито нека ни е почитувани струмичани, драги мои сограѓани!Денеска е посебен ден за мене, за сите Вас и за нашата Струмица!, напиша градоначалникот Костадинов по предавањето на клучевите од електричните автобуси денеска во Скопје.

Денеска го реализирав најголемото ветување пред Вас, иако имаше многу скептици, јас уште еднаш потврдив дека зборот за мене е збор и отстапки нема.

Заедно создаваме нова верзија на Струмица, создаваме историја.Денеска пристигнаа 10 нови електрични автобуси и нашата Струмица е единствена во Македонија и на Балканот којашто воведе целосно електричен јавен превоз.Со здравје да си ги користиме и да уживаме во бенефитот од нив. Денеска е ден за радост и гордост. За нас и за Струмица граници нема. Носиме храбри и мудри одлуки и цврсто чекориме напред, објави струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link