Костадинов: тие што ме обвинуваа за јавниот електричен превоз, пуштија воз за еден патник дневно

 Костадинов: тие што ме обвинуваа за јавниот електричен превоз, пуштија воз за еден патник дневно

-Нема да молчам ниту јас, уште помалку моите струмичани!Воведовме јавен превоз за прв пат во Струмица, први на Балканот со целосно електричен јавен превоз, а за волја на вистината само мал дел од ВМРО-ДПМНЕ беа против, и истите чии мислењата беа дека нема никој да ги користи автобусите или дека треба да бидат на нафта и слично, денес молчат, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Вистината е дека илјадници граѓани од струмичките села и од Струмица ги користат директно придобивките од електричниот јавен превоз секојдневно. Истите тие што ме обвинуваа и беа против пред некое време пуштија воз, со кој, верувале или не, се превезува по еден патник дневно. Дали има разлика помеѓу мојата визија и нивното тотално непознавање на нештата, оценете сами.Моја Струмицо благодарам за поддршката што ми ја давате и што сами ми испраќате споредбени проекти и иницијативи, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link