fbpx

Костадинов:Ги поттикнуваме граѓаните да го користат природниот гас

 Костадинов:Ги поттикнуваме граѓаните да го користат природниот гас

-Ги поттикнуваме граѓаните да го користат природниот гас за поголема лична благодет и почиста Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Денеска ги исплативме субвенциите за потрошен природен гас за периодот април – септември оваа година на вкупно 160 домаќинства приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа.Субвенционирањето на цената за физички лица е во износ од 10,00 денари од Nm3 потрошен прирoден гас. Се уште трае пријавувањето за бесплатен приклучок на гасоводниот систем во Струмица.

Со 0 нула денари за приклучок, ДА за енергетски ефикасни домови и чиста Струмица!, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link