„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов:Го објавивме Јавниот повик за поддршка на младински иницијативи
-Идејата за бизнис на младите, поддршката наша и заедно за добар живот во нашата Струмица.Го објавивме Јавниот повик за поддршка на младински иницијативи – Старт ап за млади во 2022/2023 Втора фаза, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Ги повикувам сите млади невработени лица да ја искористат оваа можност и да се пријават, ние ќе ги поддржиме нивната идеја да стане реален бизнис преку обуките и јакнењето на нивните капацитети.За најдобрите 5 бизнис идеи обезбедивме финансиска поддршка од по 60.000 денари.Јавниот повик е отворен 20 дена, а повеќе информации може да се добијат на официјалната веб страница на општина Струмица strumica.gov.mk, напиша Костадинов.