fbpx

Товарен воз прегазил мигрант кај Миравци кој лежел на пругата

 Товарен воз прегазил мигрант кај Миравци кој лежел на пругата

Синоќа во 01:07 часот било пријавено дека околу 00:15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на село Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата, соопштија денеска од МВР.

Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Share via
Copy link