Костадинов:На јавен и транспарентен начин ја започнавме постапката за избор на членови во новиот Карневалски одбор

 Костадинов:На јавен и транспарентен начин ја започнавме постапката за избор на членови во новиот Карневалски одбор

-На јавен и транспарентен начин денеска ја започнавме постапката за избор на нови членови во новиот Карневалски одбор којшто треба да ни понуди квалитетни карневалски изданија со кои сите ќе се гордееме.На оваа прва јавна дебата разговаравме за формата, критериумите и поставеноста на новиот Карневалски одбор за кои беа понудени креативни решенија од присутните, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Заеднички е ставот дека треба да се зголеми бројот на членовите на Карневалскиот одбор кој досега имаше 9 членови, но не повеќе од 20 и да биде составен од административно тело, креативно тело и тело за логистика.Се зголемува и бројот на институциите кои по дифолт имаа свои членови во Карневалскиот одбор, досега беа општина Струмица и СВР Струмица, а ќе им се приклучат и Музејот и Центарот за култура.Ќе се одржи уште една јавна дебата на којашто јасно ќе бидат дефинирани критериумите за членство во највисокото карневалско тело, а целата постапка треба да заврши до средината на месец јуни и предлозите да бидат ставени на дневен ред на седница на Советот на општина Струмица.Струмичкиот карневал ги заслужува најдобрите, ќе направиме се да ги добие кои од срце и душа ќе ја продолжат оваа наша вековна традиција, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link