Костадинов:Оваа влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ги дели граѓаните на свои и туѓи
Костадинов:Оваа влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ги дели граѓаните на свои и туѓи
-Со огромно жалење морам да констатирам дека оваа Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ги дели граѓаните на свои и туѓи“, рече на денешната прес конференција градоначалникот Костадин Костадинов на местото каде што е запрена изградбата на затворениот базен во Струмица.
-Очигледно душманскиот пристап со Струмица и струмичани расте и се интензивира веројатно од некаква нивна помисла дека на тој начин ќе можат да ќарат некакви политички поени, но реалноста е сосема друга. Денеска сме пред најавуваниот затворен школски базен којшто веќе требаше да биде изграден во Струмица, почнат од претходната Влада, но гледаме дека истиот е обраснат со трева и нема никакви активности. Инаетот оди до таму што власта од ВМРО ДПМНЕ дури нема чувство за грижа кон дечињата во Струмица коишто овде треба да имаат часови по пливање. Навистина жалам што локалните авторитети, пратеници од ВМРО ДПМНЕ не преземаат ништо во однос на свесно закочените проекти во општина Струмица, оти примерот не е само со затворениот базен, исто таков пример имаме и со регионалниот пат А4 Струмица – Дабиле каде што веќе дефинитивно ни стана јасно дека свесно ги кочат експропријациите со што не можат ниту нашиот изведувач, ниту изведувачот на ЈПДП, ниту ЕВН да влезат и да си ја завршат работата за проекти за кои ние сакаме да ги реализираме.Да не излезе дека само се жалиме и ја кудиме власта на ВМРО ДПМНЕ, очигледна е неспособноста и очигледен е инаетот којшто го водат со Струмица, еве денеска давам предлог нека се откажат од проектот за затворен базен и нека не остават мене, мојот тим, и Советот на општина Струмица да го завршиме овој важен проект за граѓаните и граѓанките на општина Струмица, рече струмичкиот градоначалник.