Костадинов:Советниците на ВМРО ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани

 Костадинов:Советниците на ВМРО ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани

-Денеска советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка помеѓу Струмица и Кочани со што формално паднаа во вода напорите на сите струмичани институционално да помогнеме на град кој пред многу кратко време се соочи со најголемата трагедија во историјата на независна Македонија…, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Јас прво како човек сакам да се извинам на Кочани на нивните советници од ВМРО-ДПМНЕ, за нашите искрени заложби да пружиме рака, колку и да не сакам да политизирам морам да пуштам и порака до секој жител на Кочани, нашата поддршка е тука, таа е искрена, од срце и без никаква позадинска намера.Изненаден сум од политичкото, хуманото рацио на ВМРО-ДПМНЕ Кочани, да се делува партиски дури и во денови кога единството е најпотребно, но одлуката е ваша, легитимна и јас и општина Струмица во целост ќе ја почитуваме.Како град стоиме во целост на располагање на Кочани, на семејствата на починатите деца, на оние кои се повредени, да помогнеме согласно нашите можности, напиша струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.

Фото: архива

Share via
Copy link