Кривична за тројца жители на Старо Балдовци, краделе сув тутун од Василево и Босилово

 Кривична за тројца жители на Старо Балдовци, краделе сув тутун од Василево и Босилово

МВР соопшти дека СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од село Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.

Share via
Copy link