НАД 700 ПОСЕТИТЕЛИ НА САЕМОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕГА ШОПИНГ ПАРК ГЕВГЕЛИЈА
Кривични пријави за струмичани за нелегална трговија со отпад
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе 4 кривични пријави против А.Ш.(39), Ѓ.Ш.(36), Е.Ш.(37), С.Ш.(30), И.Ј.(44), М.Р.(21), С.Р.(32), Ф.Р.(37) и С.Р.(32), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за нелегално тргување со отпад, односно за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 3, а во врска со член 22 од Кривичниот закон, инфрмираа денеска од полицијата.
Осомничените А.Ш., Е.Ш., И.Ј., С.Р. и Ф.Р. во текот на 2019, 2020 и 2021 година откупувале, собирале и складирале секундарни суровини (отпад) и хаварисани возила на повеќе локации во Струмица, кои подоцна ги носеле и ги продавале на лиценцирани правни лица за откуп на секундарни суровини.
Паричните средства од изршената продажба правните лице ги уплаќале на сметки на осомничените Ѓ.Ш., С.Ш., М.Р. и С.Р. , најчесто сопруги на лицата кои ја вршеле продажбата, со што осомничените нелегално тргувале со отпад.