Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во наредните четири години ќе биде на чело на оваа општина. По одржаниот втор круг на изборите за градоначалник, според првични нефоцијални информации, тој победил со околу 500 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ и коалицијата, Ристо Џинев. Тентов за укажаната доверба се […]
Ѓоко Камчев, кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за градоначалник на Валандово, според неофицијални првични резултати од партскиот штаб е новиот градоначалник на оваа општина. Тој има водство од околу 250 гласови пред кандидатот на СДСМ и коалицијата и досегашен градоначалник на Валандов, Перо Костадинов, односно Камчев освоил 3.259, а Костадинов 3013 гласови.
-Ви благодарам на поддршката којашто ја добивме во првиот круг. На 2 ноември одиме на голема победа за Валандово, за целата општина, за сите населени места, истакна Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на општина Валандово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот мини митинг одржан во Валандово. Камчев истакна дека во наредните 4 […]
Блаже Шапов, кандидатот на СДСМ и досегашен градоначалник на Општина Богданци, ја освои довербата на граѓаните за уште еден четиригодишен мандат, победувајќи во првиот круг од локалните избори. Според првичните резултати, Шапов освои 1.989 гласови, или 50,03% од гласовите, со што обезбеди победа пред неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Пеев, кој доби поддршка […]
Поранешниот градоначалник на Струмица и висок функционер на СДСМ, Костадин Костадинов, упати остра и директна критика до раководството на партијата, повикувајќи на итна одговорност и оставки по, како што го нарече, „изборното цунами“ и „тешката брука“ на локалните избори. Костадинов, чија општина важеше за бастион на СДСМ, го честиташе резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, но вината за […]
Струмица – Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Марјан Даскаловски, јавно ја призна изборната победа на неговиот противкандидат Петар Јанков и на ВМРО-ДПМНЕ. Преку својата изјава, тој упати честитки до победниците, но и благодарност до сите граѓани кои со години ја давале поддршката за визијата на неговата партија. Во продолжение ја пренесуваме […]
По одржаните локални избори, комплетиран е новиот состав на Советот на Општина Струмица. Мнозинството во советот, кој брои 23 члена, во следните четири години ќе го има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 13 мандати. Коалицијата на СДСМ обезбеди 8 советнички места, додека Левица и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе имаат по еден […]
Политичката мапа на Струмица доживеа целосна промена по вчерашните локални избори. Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник, откако оствари убедлива победа над досегашниот ривал од СДСМ, Марјан Даскаловски. Јанков ја освои довербата на 15.071 граѓани, додека Даскаловски доби 9.732 гласови, што претставува разлика од над 5.300 гласа во корист на новиот градоначалник. Доминацијата на […]
Според информации од ОК ВМРО ДПМНЕ Петар Јанков е победник на изборите за градоначалник на Струмица. Тој според податоци од нешто по 21, 30 часот води со повеќе од 4.000 гласови од уште неизброени гласови од 17 избирачки места пред Марјан Даскаловски од СДСМ. И во Советот на Општина Струмица се очекува ВМРО ДПМНЕ и […]
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, го оствари своето право на глас, порачувајќи дека денешниот ден е од големо значење за сите граѓани. Тој изрази надеж дека изборниот процес ќе се одвива во согласност со демократските принципи. „Посакувам денешниот изборен ден да помине во фер и демократски услови“, кратко изјави […]