„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Минимално намалување на цената на бензините и екстра лесното масло за домаќинство
Со најновата одлука на Регулаторната комисија, бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста.
Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 58,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе чини 60,5 денари за литар.
Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар, а новата цена на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е 50 денари за литар.