Полициски билтен:богданчанец фатен како вози под дејство на алкохол, во Радовиш тешко повреден пешак
Министерот Перински во Струмица, се сретна со градоначалникот Јанков и членовите на Советот

-Со министерот Перински имавме работен состанок по кој продолживме со средба со претседателот и членовите на Советот, а потоа дојдовме на увид на градежните работи кои се одвиваат во изградбата на новиот парк во Општина Струмица којшто е во непосредна близина на градинката „Виножито“. Паркот е со големина од 27.515 метри квадратни и се работи во две фази, во тек е првата која се реализира преку програмата INTERREG во соработка со Европската Унија и Министерството за локална самоуправа . Втората фаза ќе биде реализирана во соработка со УНДП – амбасадата на Шведска и Министерството за животна средина. Наша обврска е да го уредиме просторот околу паркот со соодветна патна инфраструктура, асфалтен пат, тротоарски пешачки зони за да можата нашите сограѓани да имаат подобар пристап до овој дел на градот и нормално јавното претпријатие „Комуналец“ да го уреди просторот околу паркот. Овде не застануваме. Во периодот којшто следува ќе имаме и други активности за уредување на јавни површини, озеленување и нивно одржување како во градот така и во населените места, изјави градоначалниккот на Струмица, Петар Јанков по посетата на новиот парк, каде заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински засадија дрвца.


Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари средба со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков и претставници на Советот на општината.

На средбата се разговараше за клучните активности на Министерството, тековните и идните развојни проекти на општината, како и за можностите за поддршка со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Перински го претстави Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, подготвен во рамки на воспоставениот Ресурсен центар. Прирачникот претставува практичен документ наменет да им помогне на новоизбраните градоначалници во првите месеци од нивниот мандат, со јасни чекори и насоки за полесно и поефикасно водење на клучните процеси во општините. Министерот најави дека истиот ќе биде доставен до сите градоначалници.