„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Младиот Вргов ја продолжува долгата и успешна струмичка фудбалска приказна
Младиот голман Славе Вргов е на добар пат да ја продолжи долгата и успешна струмичка фудбалска приказна и да продолжи по патеките на славните фудбалски имиња на струмичкиот и македонскиот фудбал.
За неговите успешни одбрани на голот се слушна надалеку и неговиот агент Алесио Сундас го гледа како нова ѕвезда на европскиот фудбал.
Скромниот Славе не сака многу да зборува, освен дека фудбалот му е се и сака своите квалитети да ги покаже на светот.
Тој со најубавата споредна работа на светот-фудбалот почна да се дружи пред четири години и досега ги мина сите скалила во неговата кариера, успешно чувајќи го голот на Академија Пандев и на репрезентациите до 14 и сега 16/17 години.